Театарската претстава „Како да се ограби банка“ ќе се прикажува по четврти пат во Гевгелија
На ден 8.2.2020 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20 часот,
ќе се прикажува хит-комедијата „Како да се ограби банка“ во изведба на Драмската аматерска група „Дон Кихот“, а во продукција на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Цената на картата е 100 ден.
По трите успешно изведени претстави во Гевгелија, гостувањата во Неготино и Македонска Каменица, учеството на Меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда“ во Банско, Р. Бугарија и освоеното 1 место, „Како да се ограби банка“ ќе ја достигне својата четврта изведба во Гевгелија.
Во претставата учествуваат: Каме Ќаев, Светлана Стојковиќ, Лазе Николов, Сандра Спасовска, Ангелина Шуклева и Петар Јанчев, а низ комични моменти ќе прикажат каков им е животот на семејството Чешмеџиеви, кои одлучуваат да стават крај на нивната сиромаштија и решаваат да ограбат банка