Прикажана „Жени“ пред гевгелиската публика
На гевгелиската публика им беше прикажана театарската претстава „Жени“
во режија на Софија Ристевска- Петрушевска, а во изведба на „Интимен театар“ од Битола. Актерките: Невена Стерјова, Трендафилка Киклевска и Катерина Петровска со своите приказни низ монолози, дијалози и танцови перформанси покажаа низ што поминува жената од моментот кога ќе се соочи со веста дека во неа живее најголемото зло на 21 в.- ракот, па сѐ до моментот на неговото исчезнување (нивното излекување).
Оваа мултимедијална претстава пренесе многу моќна порака, како и на жените, така и на мажите, дека борбата со ракот не е ништо друго, туку волја и многу причини за живот: „Позитивната енергија, психолошката стабилност, меѓусебното дружење во различните здруженија и поддршката од најблиските можат да ја победат секоја болест, па дури и ракот.“
Претставата беше одиграна по иницијатива на Здружението на граѓани за борба против ракот „Елена Костадинова- За среќа“ во соработка со Домот на културата- Гевгелија.