Трета проекција на „Медена земја“ во Гевгелија
„Медена земја“ по номинацијата за Оскар во две категории,
по вторпат беше прикажан пред гевгелиската публика во Народниот театар- Гевгелија. Поради големиот интерес, „Медена земја“ ќе се проектира по третпат, велат во Домот на културата од Гевгелија.
Третата проекција е закажана за 5 февруари 2020 година (среда), во Народен театар- Гевгелија, со почеток во 20 часот.
„Медена земја“ е документарен филм кој ја освои не само домашната, туку и странската публика.