Закажана 42 Седница на Советот на Општина Гевгелија
Советот на општина Гевгелија својата 42 Седница
ќе ја одржи на 20 февруари 2020 година, во четврток, а за истата е предложен следниот Дневен ред:
1.Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за прашања на избори и именувања при Советот на Oпштина Гевгелија,
2. Предлог-Решение за избор на член на Комисијата за прашања на избори и именувања при Советот на Oпштина Гевгелија,
3.Предлог-Решение за разрешување на член на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при Советот на Oпштина Гевгелија,
4.Предлог-Решение за избор на член на Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при Советот на Oпштина Гевгелија,
5. Предлог-Oдлука за измена и дополнување на Одлуката за вредноста на бодот на платите на државните службеници вработени во о.Гевгелија за 2020 година,
6. Одлука за зголемување и пренамена на Буџетот на општина Гевгелија за 2020 година,
7.Предлог-Одлука за учество на општина Гевгелија во проект за Изградба на фекална канализациона мрежа во село Милетково со препумпна станица,
8.Предлог-Одлука за учество на општина Гевгелија во проектот за Доизградба на локален пат до с.Ума - одвојување од регионален Р112, Гевгелија- Смрдлива вода,
9.Предлог-Одлука за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Гевгелија,
10.Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев" - Гевгелија за 2019 година,
11.Предлог-Решение за усвојување на Програмата за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев"- Гевгелија за 2020 година,
12.Предлог-Решение за усвојување на финансискиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев"- Гевгелија за 2020 година,
13.Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија" - Гевгелија за 2019 година,
14.Предлог-Решение за усвојување на Програмата за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија"- Гевгелија за 2020 година,
15.Предлог-Решение за усвојување на финансискиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија"-Гевгелија за 2020 година,
16.Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито" - Гевгелија за 2019 година,
17.Предлог-Решение за усвојување на Програмата за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито"- Гевгелија за 2020 година,
18.Предлог-Решение за усвојување на финансискиот план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз-Тито"- Гевгелија за 2020 година,
19.Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работата на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија"- Гевгелија за 2019 година,
20.Предлог-Решение за усвојување на Програмата за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија"- Гевгелија за 2020 година,
21.Предлог-Решение за усвојување на финансискиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија"- Гевгелија за 2020 година,
22.Предлог-Одлука за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните службеници во ЈОУДГ „Детска радост"- Гевгелија за 2020 година,
23.Предлог-Решение за усвојување на дополнувањето на финансовиот план - буџет на ЈОУДГ "Детска радост"- Гевгелија за 2020 година,
24.Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план по ставки и потставки за периодот јануари-декември 2020 година на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
25.Предлог-Извештај за јавната безбедност во општина Гевгелија за 2019 година,
26.Информација за состојбата со здравствената заштита на населението во општина Гевгелија и состојбата со здравствениот кадар во ЈЗУ во општина Гевгелија,
27.Предлог-Решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост"- Гевгелија,
28.Предлог-Решение за именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост"-Г евгелија,
29.Предлог-Решение за именување член на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец"- Гевгелија,
30.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с. Серменин (КП бр.1555/1 КО Серменин) (барател: Петар Николов од с. Мрзенци),
31.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Локална урбанистичко-планска документација (КП бр.862/5 и 837 КО Ново Конско), (барател: Илија Јованов од Гевгелија),
32.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с. Конско (КП бр.609/3 КО Конско), (барател: Ненад Андонов од Гевгелија),
33.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на локална-урбанистичко-планска документација за с. Моин (КП бр.573 КО Моин), (барател: Александар Попов од Гевгелија),
34.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистичко планска документација за с. Кованец (КП бр.1142 КО Кованец), (барател: Владо Стојанов од с. Кованец),
35.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистичко планска документација за с. Кованец (КП бр.1142 КО Кованец), (барател: Костадин Стојанов од с. Кованец),
36.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за м.в. Круша (КП бр.18 КО Конско), (барател: Костадин Линков од Гевгелија),
37.Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива од барателот за изработка на Локална Урбанистичко планска документација (ЛУПД) за КП бр.862/5 и КП бр.837 КО Ново Конско (барател: Јован Јованов од Гевгелија),
38.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за промена на намената на земјиштето на КП бр.2050 КО Гевгелија (барател: "ПАЈДАКОВ" ДОО Гевгелија).
Седницата започнува во 11 часот.