Изложба на фотографии од традиционални балкански носии
На 10 јуни,
2020 година, со почеток во 20 часот, во просториите на Народниот театар- Гевгелија, ќе се одржи онлајн-изложба на фотографии од традиционални носии од Балканот, во организација на Домот на култура „Македонија“- Гевгелија, а во соработка со ансамбл „Македонија“- Скопје. Отворањето на изложбата ќе се емитува во живо, а истата може да се проследи на официјалниот Youtube- канал на Домот на културата.
Граѓаните ќе можат да ja видат збирката фотографии секој работен ден од 11 до 16 јуни, од 9 до 14 часот, почитувајќи ги мерките за спречување на ширењето на Корона вирусот, носење заштитна опрема (маска и ракавици) и дезинфицирање на рацете со антибактериски гелови.
- Домот на културата не е спречен од Корона вирусот да продолжи со работата и да огранизира настани кои ќе се пренесуваат во живо. И во услови на пандемија не ја забораваме верната публика, истакна директорот на Домот, Весна Ристова.