Секцијата за традиционални ора и пеење при Домот на културата започнува со едукативна настава
По
паузата која ја наметна Корона-пандемијата, Секцијата за тадиционални ора и пеење при Домот на културата „Македонија“- Гевгелија продолжува со едукативни часови поврзани со етнокореологијата кои ќе се изведуваат двапати во неделата, во договор со раководителот. Наставниот час ќе трае 60 минути, со почитување на мерките за заштита од Корона вирусот.
За таа цел, учениците ќе бидат поделени во две групи: првата група, деца на возраст од 7 до 12 години, од 15:00 до 16:00 часот и втората група деца на возраст од 16:15 до 17:15 часот. Часови за возрасната група над 18 години ќе се одржуваат во вечерните термини од 20:00 до 21:00 ч.
- Секој од учесниците кои ќе бидат дел од оваа Секција, којашто е дел од работата на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, на крајот од годината ќе добијат валиден сертификат за посетување едукативна настава. Повелете и запознајте ја традиционалната култура преку: песна, оро, методика на етнокореологијата, теренските истражувања, народните носии, етникумот и етничките предели, играорните подрачаја и сл. Ве очекуваме, истакна Силвестер Проле, раководител на Секцијата за традиционални ора и пеење при Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.