Наставата за учениците во Ликовната работилница при Пионерскиот дом- Гевгелија ќе се одвива онлајн
Поради
моменталната епидемиолошка слика и зголемениот број на КОВИД-случаи во општина Гевгелија, раководителот на Ликовната работилница при Пионерскиот дом- Гевгелија, Мирјана Массетти, информираше дека наставата со физичко присуство на учениците, која требаше да се реализира од утре (20 октомври, 2020 година), ќе биде заменета со онлајн-часови. Повеќе информации околу термините за онлајн-наставата на официјалната веб-страница на Пионерски дом- Гевгелија.