Image
Актуелно

Промовиран романот „ЕРЕТИЧКИ ПИСМА“ на Стефан Марковски

Во рамки на прославата на Спасовден 2108 во Гевгелија, вчера беше промовирана новата, 12-та книга на младиот автор Стефан Марковски „Еретички писма“.

 

Претставувајќи го овој психолошки роман со елементи на трилер, промоторот Димитар Пандев рече дека на македонската модерна културологија и се потребни вакви прозни остварувања во кои на современ начин е реализиран спојот меѓу митологијата, религијата и науката.

 

- Овој роман кореспондира со примерните алегории на вонвременската литература, испишан со модерно писмо на јазик што комуницира со современиот читател, што значи, не му се туѓи ниту сленгот и жаргонот, независно од нивната провиниенција, ниту античката па ни сколастичката мисла не му се оптоварување, нагласи Пандев.

 

„Еретички писма“ е втор роман на Марковски по речиси десет години од неговата прва книга „Еднонасочно“ или 12-та објавена во неговиот досегашен опус.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio