Со изложба на фотографии од народни носии, ансамблот „Бојмија“ дел од онлајн- Меѓународниот фестивал во Хрватска
На
покана од КУД „Јурај Лончариќ“ од Хрженица, Општина Св. Џурџ, Р. Хрватска, ансамблот „Бојмија“ ќе учествува со изложба на фотографии од народни носии на онлајн- Меѓународниот фестивал „Vecer uz tamburu“. На изложбата, „Бојмија“ преку фотографиите ќе ја презентира македонската култура и дел од богатиот фонд на народни носии што ги поседува ансамблот. Онлајн- Меѓународниот фестивал треба да се одржи во текот на месец декември.
Како што истакнаа раководителите на ансамблот, оваа манифестација требала да се одржи на средината на месец август, 2020 година, но била пролонгирана поради КОВИД-пандемијата. Ансамблот „Бојмија“ изрази голема благодарност до Министерството за култура на РСМ и Општина Гевгелија кои помогнаа во реализацијата на овој проект.