Концерт на класична музика по повод 250 години од раѓањето на Бетовен
По
повод одбележувањето 250 години од раѓањето на композиторот Лудвиг Ван Бетовен, во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија и ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, денеска, во Малата сала на Народниот театар, со почеток од 19 часот, ќе се одржи концерт на класична музика.
Пијано триото составено од Весна Ангелова Христов- пијано, Момчило Кофојанакис- виолина и Марјан Ивановски- виолончело ќе се претстават со компонирани дела од Бетовен. Концерот ќе се организира со почитување на заштитните мерки од Корона вирусот и протоколите за организирање настани.