Едукативни работилници за македонска, чалгиска, инструментална и вокална музика при Домот на културата
Секцијата
за традиционални ора и пеење при Домот на културата „Македонија“- Гевгелија започува со бесплатни едукативни работилници на месечно ниво од полето на македонската традиционална култура. На 3 март, 2021 година, во простиите на Народниот театар, ќе се одржи првата едукативна работилница за македонската чалгиска, инструментална и вокална музика. Предавач на темата ќе биде м-р Благојче Трајковски, виртуоз на кларинет. Сите заинтересирани може да се пријават најдоцна до 02.03.2021 (вторник), во просториите на Народниот театар или на меил-адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците кои ќе се пријават, треба со себе да си понесат инструмент.
Инаку, Трајковски го нарекуваат гениј на кларинетот, познат и е на публиката не само во државата, туку и пошироко по музичките проекти главно во етно-сферата. Официјално работно место му е ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје, а, исто така, последните четири години е доцент на Музичката Академија во Штип. За педагошката работа Трајковски ќе рече:
- Работата со учениците и студентите навистина ме исполнува многу. Ми дава еден духовен мир и спокој покрај сите други обврски кои ги имам надвор од педагошката работа. Драго ми е што за кларинетот има голем интерес кај младите луѓе.
Работилниците на Секцијата за традиционални ора и пеење при Домот на културата ќе се одрживаат во два термина, во 12:00 и 15:00 часот, во просториите на Народниот театар- Гевгелија.