Image
Актуелно

Домашниот ајвар на "ХИНА" со шампионска титула на меѓународен саем за земјоделство

Македонскиот ајвар уште еднаш ги потврди својот квалитет и автентичноста по којa е препознатлив насекаде низ светот.

 

Домашниот производител на зимница, „Hina Products“ од Гевгелија освои неколку престижни признанија за своите производи на 85-от Меѓународен саем за земјоделство во Нови Сад.

„Навистина сме горди што добивме вакви признанија за квалитетот на нашите производи на реномирана манифестација со долга традиција, како што е Саемот за земјоделство во Нови Сад. Нашите производи се подготвуваат по традиционален рецепт, од свежи и внимателно избрани зеленчуци и овошја. Овие награди се поттик повеќе да продолжиме да нудиме гарантиран квалитет на домашниот и на странските пазари“ изјави Десанка Алчинова од „Hina Products“.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio