Рекордни 60 крводарувања во акцијата на фондацијата „АПОЛОНИЈА“
Фондацијата „Аполонија“ по 15. Пат, во соработка со Општата болница во Гевгелија и со Црвениот крст од Гевгелија ја организираа традиционалната крводарителска акција
во просториите на хотелот „Аполонија“.Овој пат беа забележани рекордни - 60 крводарувања.
Оваа хумана акција фондацијата „Аполонија“ ја организира двапати во годината, почнувајќи од од 2010 година. Освен вработените во фирмата „Корона интернационал“, годинава во акцијата се вклучија и вработени од други локални фирми, како и граѓани што стануваат редовни крводарители.
„Во рамките на своите определби за постојано поддржување и помагање на активности што се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница, фондацијата „Аполонија“ се вклучи и во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања – крводарителството. Секоја следна акција ни е сè помасовно поддржана, што ни дава право да останеме при определбата Гевгелија да биде хуман град“, вели директорот на фондацијата „Аполонија“ Аце Ристовски.