Изложба на страници од книги и илустрации „Црногорско кирилско печатарство 15 и 16 век“
На 10 мај,
2021 година, во просториите на Пионерскиот дом- Гевгелија, со почеток во 12:30 часот, ќе биде отворена изложбата „Црногорско кирилско печатарство 15 и 16 век“, како дел од успешната соработка на Пионерски дом- Гевгелија со Матица црногорска. Ќе бидат изложени 24 богато илустрирани паноа со пратечки текст. Покрај приказот на репрезентативните страници од книгите и илустрациите, изложбата ги претставува биографските детали за Џурџе Црноевиќ, печатарот Макарие, како и за Божидар и Виченцо Вуковиќ. Изложбата ја придружува и богато илустриран каталог со пратечки текст. Материјалот за оваа изложба е прибран во РС Македонија и Бугарија.
Целта на оваа изложба е да се истакне значењето и важноста на црногорското кирилско печатарство за националната култура, но и влијание што тоа го имаше врз словенскиот свет. Црногорската династија Црноевиќи ја основала прва печатница на Балканскиот полуостров и прва државна печатница во Европа. „Инкунабули“ од печатницата на Црноевиќи, како и книги од печатницата на војводата Божидар Вуковиќ Подгоричанин се првокласен симбол на црногорската национална култура и идентитет. Тие се дистрибуирани и продавани ширум православни словенски земји каде сочуваните примероци претставуваат културно богатство од највисоката вредност.
Еден од најважните дистрибутивни центри во тоа време бил градот Скопје, во кој била лоцирана книжарница на Кара Трифун. До денеска, во архивите на РС Македонија се откриени и сочувани 33 примероци од книгите печатени во овие печатници.