Велигденски онлајн-настан на Домот на култура: Етнолошка галерија
По повод
големиот христијански празник- Велигден, Домот на култура „Македонија“- Гевгелија организира онлајн-презентација на новиот изложбен етнолошко - галериски простор кој се наоѓа во просториите на Народниот театар (втор кат). Просторот изобилува со предмети и алатки од покуќнина од крајот на XIX и почетокот на XX век. Поделен е на два дела, соба од руралните средини и соба од градската средина. Видео-записот ќе биде прикажан во четврток (29 април, 2021 година) на официјалниот Youtube-канал и официјалната Facebook-страна на Домот на култура, со почеток во 18 часот.
Изложбениот простор ќе биде достапен за јавноста по велигденските празници, односно секој граѓанин ќе може да го посетува во работните денови од 09:00 до 14:00 часот, почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.
Домот на културата изрази благодарност до сите кои придонесоа со реквизити во автентично уредување на просторот: проф. д-р Владимир Јаневски, м-р Христијан Николовски, Миле Николовски, Ансамбл „Бојмија“ со раководителите Никола Миовски и Димитар Делев, Магдалена Колева, Сара Маркова, фамилија Смилкови - Андонови, фамилија Петкови, фамилија Митревски, фамилија Попови (село Богородица), фамилија Урумови и Живинарска фарма „Ветеринар“.