Ансамблот „Бојмија“ со шестмесечна работилница за изучување народни инструменти
Aнсамблот
„Бојмија“ од Гевгелија организира шестмесечна музичка работилница која ќе започне да се реализира од 4 јуни, во просториите на Пионерскиот дом- Гевгелија, со почеток во 15 часот. Работилниците за запознавање со македонска изворна музика преку совладување на техниките за свирење на традиционалните инструменти тамбура, кавал и тапан ќе се реализираат во времетраење од шест месеци, со поддршка од Министерството за култура и Општина Гевгелија.
Предавач на работилниците ќе биде Сашко Атанасов, дипломиран етнокореолог и играч од прв ред солист при Државниот ансамбл „Танец“. Сите заинтересирани кои сакат да ги следат работилниците, можат да се пријават кај Димитар Делев и Никола Миовски на телефонските броеви 070/542-996 и 070/392-145.