Ансамбл „Македонија“ со целовечерен концерт во манастирскиот двор на „Св. Спас“
На
21 јули, 2021 година (среда) во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија и Свештенството на Гевгелиската парохија, во Дворот на Манастирот „Св. Спас“- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, ќе биде одржан целовечерен концерт на Ансамбл „Македонија“. Влезот е слободен.
- За ваше уживање, а по наше барање Ансамбл „Македонија“ повторно ќе гостува во Гевгелија. Реномираниот и добро познат професионален Ансамбл „Македонија“ секој простор го претвора во сцена, секој под во бина, а секој нивен концерт е вистински спектакл, мјузикл од традиционалната орска, вокална, облековна и инструментална култура, истакнува раководството на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.