Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во Гевгелија
Во програмата
на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија за 2021 година ќе се запише уште еден музички настан кој е поддржан од Министерството за култура на РСМ. На 27 јули, 2021 година (вторник), во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 ч., ќе биде одржан солистички концерт на Арда Мустафаоглу- млад виртуоз на пијано од Скопје. Влезот е слободен.
Арда Мустафаоглу (19) е студент на Факултетот за музичка уметност во Хамбург, Германија, во класата на еминентната професорка Ана Виницкаја. Добитник е на многу награди на интернационални натпревари во Белгија, Турција, Италија, Германија, Бугарија, Србија, Албанија, Македнија, Грција, како и на интернет натпревари. Има бројни рецитали и настапи во Ахен, Бон, Дурен, Хамелбург, Касел (Германија), Мантова и Венеција (Италија), Анталија и Истанбул (Турција), Атина (Грција), Модане и Париз (Франција), Перник и Софија (Бугарија), Скопје, Штип и Велес (Македонија), Сремска Митровица и Врање (Србија). Добитник е и на наградата 13 Ноември, за посебен придонес и афирмација на Град Скопје во светот.