Меморијалниот турнир во баскет за Пенов продолжува во вторник
На отворањето
на Меморијалниот турнир во баскет, посветен на прерано починатиот кошаркар од Гевгелија, Иван Пенов, на кој присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, со едноминутно молчење тимовите и публиката оддадоа почит за делото и придонесот на Пенов во гевгелискиот спорт.
Меморијалниот турнир, на реконструираното игралиште за кошарка, позади Детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, започна со натпреварите помеѓу општинските екипи: eam Roo” и „Кожув М16“, останатите помеѓу: „Пена 1“ - „Хардон маркетинг“, „Urban Caffe“ - „МЗТ“, „Time Out” - „Џин Тоник“, „No Limits“ - „Фантоми Север“, „Пена 2“- „Stars”, „Bad Copy” - „Swish”, „Big Bob”- „Кичуков Компани”, „Пена 1“ - „No Limits“, „Пена 2“- „Кожув М16“, „Swish” - „Time Out” и „Urban Caffe“ - „Кичуков Компани“. Втората вечер, во првиот дел се одиграа натпреварите помеѓу групата 2006-2011: „Тime Out” - „Alphas“, „Redbul - „АМСЦ“, „Basket Eagles“ - „Академија Ребрача“ и „Кожув“ - „Golden Eagles”. Во вториот дел, дуели се одиграа помеѓу: „Фантоми Север“ - „Пена 1“, „Тeam Roo“ - „Stars“, „Нов Дом“ - „Bad copу“, „Big Bob“ - „Мат“, „Фантоми Север“ - „Хардон Маркетинг“, „Team Roo“ - „Пена 2“, „Нов Дом“ - „Swish“, „Urban Caffe“ - „Big Bob“, „Хардон Маркетинг“ - „No limits“, „Stars” - „Кожув М16“, „Кичуков компани“ - „Мат“ и „Bad Copy“ - „Time Out“.
Меморијалниот турнир продолжува во вторник, за што од страна на организаторите дополнително ќе биде објавен распоред за редоследот на натпреварите помеѓу екипите.