Музички фестивал „ЕВРОПОРТА- ФЕСТ 2021“
Во организација
на здружението „Внимание“- Гевгелија, на 29 и 30 јули, 2021 година, во ноќниот клуб „De Facto“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот ќе биде одржан Музичкиот фестивал „ЕВРОПОРТА- ФЕСТ 2021 година“. Влезот е со карта која чини 100 денари. Според програмата, овој фестивал предвидува полуфинална и финална вечер, на кои со соло настапи, дуети, трио и квартети настапи со песни од странска и домашна музика ќе се претстават потенцијални млади кои сакаат да се бават со музика од Гевгелија и соседните општини Богданци, Струмица и Валандово. Фестивалот е со натпреварувачки карактер, а настапите ќе ги оценуваат стручно жири составено од: Александар Бончев, Боби Гошиќ, Елисавета Бончева и Маја Зафирова, која е и проект-координатор на фестивалот. За победниците во категории следуваат награди.
Учествуваат: Ѓорге Митров, Ангелина Несторова, Патриција Петкова, Дијана Јакимова, Серафина Ѓорбашлиева, Ања Поп-Костова, Мартин Костадинов, Филип Ангов, Марија Папучиева, Ели Бојмалиева, Ангела Зафирова, Кристина Терзиева, Ангела Николова и Тамара Томова.
Музичкиот фестивал „ЕВРОПОРТА-ФЕСТ 2021“ е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2021 година.