Концерт на Александра Кировска
Во
организација на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија и Дом на култура „Македонија“- Гевгелија денеска, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот, свој концерт ќе одржи Александра Кировска. Со својата гитара ќе се претстави со дела на: Копенков, Бах, Переира, Тадиќ и три нејзини аранжмани на познати теми. Влезот е слободен.
Александра Кировска е родена на 19 јуни, 2001 година во Скопје. Потекнува од музичко семејство и уште од 5 години се запишува во основно музичко училиште каде почнува да изучува солфеж и пијано. На 11-годишна возраст започнува да го изучува инструментот гитара. Од тогаш, па се до денес, настапува на голем број концерти, натпревари, мастер часови и семинари кај професорите: Тошиќ, Миливојевиќ, Балкански, Чочај, Добрева и Јохансен. Во 2017 година на Државен натпревар со електрична гитара е избрана за најдобар инструментален солист. Во 2019 година настапува како најмлад учесник на Интернационалниот фестивал „Сараевска зима“, а нејзиниот концерт наидува на одлични критики. Истата година е добитник на Прва награда на натпреварот „Полихимниа“. Аранжманите за гитара ги прави сама, а последнава година почнува да пишува и композиции за гитара. Во септември 2019 година настапува во Њу Јорк во Claverhaus.
Александра завршува Средно музичко и прва година на Факултетот за музички уметности во Скопје, во класата на професор Борче Наумоски. Моментално е втора година на Факултетот за музички уметности во Штип, во класата на професор Дејан Лазаревски.