Бесплатна тридневна работилница за љубителите на фотографија
Пионерскиот дом
„Јосип Броз Тито“- Гевгелија во периодот од 20 до 22 септември, организира бесплатна тридневна работилница за експериментална фотографија. Работилниците ќе бидат одржани во просториите на Пионерскиот дом, наменети за сите почетници, ентузијасти и љубители на фотографијата, под менторство на Димитар Новаков. Условите за учество на работилницата е учесниците да се над 15 години и да имаат уред за фотографирање (апарат или мобилен телефон со Pro опција за фотографирање). Поради почитување на мерките за заштита од КОВИД- 19, бројот на учесници е ограничен. За таа цел, сите оние кои сакаат да бидат дел од оваа работилница, треба да се пријават во порака на Фејсбук-страната: на https://www.facebook.com/novakovdimitar/ .
Почетниците, ентузијастите и љубителите на фотографијата ќе имаат можност да се запознаат со основите и техниките на фотографирањето, а наученото да го применат во пракса преку теренски вежби.