Во тек е пријавувањето за учество на „Ноемвриска трка Гевгелија 2021“
Под слоганот
„Ајде да трчаме заедно во Гевгелија“, на Општинскиот празник- Ослободувањето на Гевгелија, 7 Ноември, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“, ќе биде одржана атлетската трка „November Run Gevgelija 2021“.
Како што истакна претседателот на Клубот, Игор Коцевски, трката November run Gevgelija 2021 е организирана според правилата на IAAF, Атлетската федерација на Р.С. Македонија и согласно законските важечки прописи. Предвидени се две трки, на 5 и 10 километри и една рекреативна детска трка на 1 километар. Патеката за трката November run Gevgelija 2021 е кружна, односно пријавените учесници на трката на 5 километри ќе трчаат еден круг, додека учесниците на 10 километри ќе трчаат 2 круга. Стартот и целта на патеката е на улицата „7 Ноември“ во центарот на Гевгелија во близина на Народниот театар, со придржување до сите здравствени протоколи.
Пријавувањето за учество на трката е веќе започнато, а учесниците може да се пријавуваат на: Пријава за учество . Рокот за пријавување е 27.10.2021 и трае заклучно со 01.10.2021 година, Цената за учество на трката на 10 километри изнесува 700 денари, а на 5 километри 600 денари. За возврат, секој учесник ќе добие финишер медал, маичка, фотографии и подароци од спонзори, додека за најдобрите тројца на десет километри, освен пехар, следува и парична награда.