Во чест на Димитар Кангов- Кангата, 17 по ред планинарски марш
Здружението
Планинарско друштво „Кожуф“ Гевгелија во недела, на 3 октомври, го организира 17 Меморијал „Димитар Кангов - Кангата 2021“. Со искачување на највисокиот врв на Кожуф, Зелен Брег, висок 2166 метри. Овој Меморијал, Спортскиот клуб го организира во чест на нивниот долгогодишен член, Димитар Кангов - Кангата, кој пред повеќе од 15 години го остави својот живот на Кожуф Планина при обид за искачување на врвот Ѕена од грчка страна.
Меморијалот годинава е дел од календарот на акции на ФПСМ (Федерација за Планинарство на Република Северна Македонија). Поаѓањето e на 3 октомври, недела, во 07:00 часот од паркингот кај Спортската сала „26 Април“- Гевгелија, за учесниците од Гевгелија. Стартот на меморијалот е во 08:00 часот, од местото Алчак ( Шутка) 1650 м.н.в. Маршутата на Меморијалот е Алчак (Шутка) 1600 м.н.в. - Таблата - Марково езеро 2035 м.н.в. - врв Зелен брег 2166 м.н.в. Должина во еден правец на маршутата е 7,3 км. со висинска разлика од 660 м., а патеката спаѓа во категорија лесни патеки.
Организаторите ќе полажат цвеќе на спомен-плочата, а на учесниците ќе им доделат благодарници за учество на Меморијалот на планинарските Друштва/Клубови, како и за најмлад и најстар учесник. Затворањето на меморијалот е во 17 часот.