Промоција на Лазаренки- женски поворки од село Серменин
Денеска,
во просториите на Пионерскиот дом, со почеток во 19:30 часот, ќе се одржи промоција на Лазаренки- женски поворки од село Серменин. Влезот е бесплатен. Проектот го реализира Боркица Мурџева, етнолог и антрополог, заедно со Андрејчо Проданов, помошен соработник со потекло од Серменин, а е поддржан од Министерството за култура на РСМ за промовирање на нематеријалното културно наследство.
За овој проект, двајцата координатори во текот на изминатите месеци реализираа теренски истражувања со соговорници од село Серменин, поврзани со женските обредни поворки на празникот Лазарова сабота кој е дел од пролетниот циклус.