Прва улична трка во Гевгелија
По повод
општинскиот празник 7 Ноември, Ослободувањето на Гевгелија, Атлескиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија организира „Прва улична трка“ на 5 и 10 km, која ќе биде одржана на самиот ден. Истата е организирана да биде реализирана според правилата на IAAF (Меѓународната атлетска федерација). Во соработка со Атлетската федерација на Македонија ќе се одржи и државното првенство во трчање на 10 километри.
На трката учество ќе земат повеќе од 600 љубители на трчањето од земјата, како и гости натпреварувачи од Словенија, Грција, Косово и Србија.