Изложба на фотографии од најстари икони и фрески од црквата во Ума
На 3 ноември, 2021 година
(среда), во гевгелиската црква „Свети Кирил и Методиј“, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи изложба на фотографии „Уменците и Пресвета Богородица“. На изложбата ќе бидат прикажани најстарите икони и фрески од црквата „Раѓањето на Пресвета Богородица“ од селото Ума, како и фотографии од секојдневниот живот, облековна култура и архитектура на жителите од Ума.
Настанот посветен на традиционалната култура е во организација на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија во соработка со Здружението на Власи „Мегленија“- Гевгелија и Свештенството од Гевгелиската парохија, а под покровителство на Министерството за култура.