Уште една успешна Крводарителска акција на Црвен крст- ОО Гевгелија
На вчерашната
Крводарителска акција на Црвен крст- ОО Гевгелија, која се одржа во просториите на Народниот театар, собрани се 30 единици крв. Драгоцената течност ја даруваа припадниците на ОВР- Гевгелија и граѓани од општината. Акцијата беше реализирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Годинава, Црвениот крст- ОО Гевгелија ја бележи својата трета по ред Крводарителска акција, реализирана во Гевгелија, со собрани околу 100 единици крв, од каде произлегува заклучокот дека гевгеличани редовно ја потврдуваат својата хуманост.
Раководството на Црвен крст- ОО Гевгелија ја изрази својата благодарност до дарувачите за учеството на акцијата и покажаната хуманост на дело за спас на нечиј живот.