Ликовна изложба на цртежи од корисниците во Дневниот центар
Во изложбениот
простор на Амамот- Гевгелија, на 3 декември, 2021 година, со почеток во 18: часот, ќе биде отворена Изложба на апстрактни цртежи со акрилни бои. Изложбата е во организација на Дневниот центар за лица со попреченост во Гевгелија, на која ќе бидат претставени делата, чии автори се корисниците во Центарот.
Ваквиот настан е со хуманитарен карактер и истиот е доказ за умешноста, талентот и способноста на лицата со попреченост, преку кој заинтересираните посетители ќе навлезат во тајните на нивните имагинарни, ликовни светови. Поводот за организирање на Изложбата е одбележувањето на Меѓународниот ден посветен на лицата со попреченост, 3 Декември.