Јавна расправа на тема: „Младинско учествo- предизвик за развој на заедницата“
На 30 ноември, 2021 година,
во Народниот театар Гевгелија, со почеток во 11:00 часот, ќе биде одржана јавна расправа на тема „Младинско учество- предизвик за развојот на заедницата“. Целта на јавната расправа е учесниците да бидат информирани и запознаени со потребата и примената на Законот за младинско учество и младински политики, како и за можностите што ги нуди овој закон за активно учество на младите во развојот на локалната демократија.
Настанот е во организација на Центар за поддршка на НВО- Гевгелија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Национален младински совет (НМСМ) Скопје.