Image
Актуелно

„ГРАДСКА ТЕКСТУРА“ на членовите на мулдимедија центарот пред гевгеличани

Мултимедиа центарот од Гевгелија ја отвори мултимедијална изложба „ГРАДСКА ТЕКСТУРА"

на ликовни дела во разни медиуми и техники. Изложбата беше отворена во Пионерскиот дом во Гевгелија, во саботата, на 17 ноември, а ќе трае до 30 ноември. „Добродојдовте на турата за разгледување градска текстура низ простор од град кој можеби ќе го препознаете или пак можеби ќе го запознаете зависно од вашите интереси, вашата љубопитност и енигматска чувствителност. Јас сум гласот кој искрено ви посакува добредојде и кој скромно ќе ви се заблагодари за изборот што го направивте да бидете дел од нашата тура, а ја имаме честа да бидеме во рацете на возачот Вангел Срнаков кој со веќе докажано искуство и посветеност вози веќе 8 години и ни овозможува тури од ваков тип, кои пак се организираат континуирано од страна на Мултимедија центар Гевгелија веќе 11 години“ беше речено во аудио пораката на отворањето на изложбата на која на која беа презентирани 16 точки на видување со можност за застанување без разлика дали се работи за групна или поединечна потреба. 

Гостите имаа можност да ги разгледат автентично-уметничките видувања на градска текстура. Притоа, секоја позиција на овој градски простор е врамена во видувањето од трупата Арт Брут од Србија како заеднички проект во партнерство со Мултимедија центар Гевгелија.

На изложбата е презентирано изобилие од уловени сликарски, фотографски и концептуални текстури на нашите познати Перо Кованцалиев, Горан Јованов, Димитар Новаков, Мирјана Крстева Масети, Иван Кал’чев, Вангел Срнаков. Ана-Марија Митриќевска Кал’чева, Катерина Чугунска и Дејан Мачуков. Публиката, исто мтака, имаше можност да ги види можне интересните изрази на Габриела Стахурска Гошева, Сотир Хаџи-николов, Марија Ристова и Ице Капсаров, како и делата на Александар Јанев, Дамјан Ѓуров и Елена Ѓурова кои преку својствен израз и препознатлив белег оставале посебен впечаток на вакви изложби.

 

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio