Image
Актуелно

Успешна акција за едукација и рециклирање на комуналниот отпад

Здружението за едукација на деца и млади „Сложувалка“ од Гевгелија, во соработка со УНДП, Глобалниот еколошки фонд, компанијата „Близнак – ком“, фондацијата „Аполонија“ и основните училишта „Владо Кантарџиев“ и „Крсте Мисирков“

успешно го спроведоа проектот за рециклирање на пластика. Во изминатата година главна активност на здружението беше запознавање и едукација на младите од основните училишта, како и претставници на општината, државниот инспекторат, невладините организации и бизнис секторот за значењето на собирање, селектирање и рециклирање на отпадна пластика, како и собирање и откуп на пластичен отпад и ПЕТ од домаќинствата во Гевгелија.

 Во оваа акција на собирање, освен учениците, активно беа вклучени и пет лица од социјално загрозените семејства, а собраниот пластичен отпад преку здружението „Сложувалка“ беше доставуван до компанијата со дозвола за складирање на нетоксичен отпад „Близнак ком“. Притоа, беа собрани 41.520 килограми отпадна пластика, 38.050 килограми отпадна хартија и 1800 килограми отпаден најлон. Две третини од собраните финансиските средства беа наменети за училиштата, а една третина за здружението „Сложувалка“. Во рамките на овој проект, со цел подобрување на процесот на рециклирање на отпадна пластика, беше набавена и машина за дробење на сите видови пластика која е лоцирана во компанијата „Близнак-ком“.

 

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio