Вклучување на младите во активностите на RYCO- можност за младинско учество и соработка
Вчера,
во Народниот театар- Гевгелија, се одржа инфо-сесија, во организација на RYCO, на која беа претставени: целите, мисијата, тековните активности и идните проекти на организацијата. На сесијата, на која присуствуваа ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, младите- волонтери од Црвен крст- ОО Гевгелија и претставници од Регионалниот центар за одржлив разивј- Гевгелија. Како и гости- претставник од Агенцијата за спорт и млади и ученици кои се вклучени во имплементацијата Програмите на RYCO кои пред присутните ги презентираа можностите за вклучување на младите во активности што го зајкнуваат меѓусебното разбирање и помирување во областа на граѓанското, социјалното, образовното, кулутурното и спортското живеење. Имено, се дискутираше и за проблемите кои ги засегаат младите во Гевгелија, за тоа кои работи им недостасуваат и што сакаат младите во Гевгелија.
Претставникот од Агенцијата за млади и спорт апелираше до младите да аплицираат за Европска младинска картичка која ќе им обезбеди подобри услови и бенефиции, исто така, да се организираат и вклучат во поголем број активности кои ги засегаат, овозможувајќи и придонесувајќи повеќе за нивниот личен развој и развој на заедницата.
Инаку, RYCO е меѓувладина организација во склоп на Мисијата на ОБСЕ и истата ја унапредува регионалната и интеркултурната соработка на младите во Западен Балкан, преку програми за младинска размена.