Новодишна изложба на Детската работилница при Пионерски дом- Гевгелија
Утре (23 декември, 2021 година),
во Малата сала на Пионерскиот дом, со почеток во 18:30 часот, ќе биде отворена Новогодишната изложба на Детската работилница при Пионерскиот дом- Гевгелија. На изложбата ќе бидат претставени ликовни дела на 24 млади ликовни сликари од Гевгелија, под менторство на нивната професорка, Мирјана Крстева Массетти, насликани во најразлични ликовни техники.
- На оваа изложба се застапени детски цртежи од различни возрасти создадени во различни сликарски техники, се со акцент на базично запознавање и совладување на ликовните елементи и принципи. Застапен е акварелот, температа, колажот, гвашот и неколку експериментални техники имајќи ја предвид возраста на учесниците во изложбата, вели гевгелиската уметница Массетти, која веќе 6 години раководи со Ликовната работилница и работи со иднината (нејзин синоним за децата- членови). Во текот на нејзиното работење забележуваме континуитет во работата што резултира со финални изложби на крајот од годишните квартали, ќе истакне таа.