Завршува првото полугодие од учебната 2021/22 година
Денеска,
со заминувањето на последниот ден од старата година, заминува и последниот ден од првото полугодие од учебната 2021/22 година. Согласно пандемиолошката состојба во државата и протоколите за организирање на воспитно-образовниот процес, следењето на наставата започна навремено, во септември, со физичко присуство. Во општина Гевгелија, во учебната 2021/22 година, за првпат во училишните клупи седнаа 231 прваче. Се уште актуелната состојба со КОВИД-19 беше причина за прекин на наставата во одделни одделенија и класови во гевгелиските училишта, но и покрај ваквите нарушувања, успешно завршува првото полугодие. Исто така, пандемијата не беше пречка во образовните институции да запре реализацијата на голем број проекти, како за подобрување на условите за работа, така и за постигање успеси во рамките на воспитно-образовниот процес.
Училиштниот распуст започнува од денеска и ќе трае до 20 јануари, согласно календарот на МОН за организација на наставата. Засега, од страна на ресорното Министерство не е најавено продолжување на распустот поради пандемијата од КОВИД-19, бидејќи стручните здравствени служби ја оценуваат моменталната состојба стабилна.