Изложба на фотографии „Скопје со културните добра“ во Гевгелија
Утре, 1 февруари,
2022 година, Домот на култура „Македонија“- Гевгелија со организација на Изложба на фотографии „Скопје со културните добра“ ја започнува реализацијата на работната програма за 2022 година. Имено, изложбата ќе биде поставена во холот на Народниот театар до 14 февруари, 2022 година, а заинтересираните граѓани кои ќе сакаат да ја посетат, треба доследно да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19, во периодот од 09:00 до 15:00 часот. На изложбата ќе бидат преставени фотографии со народни носии од етничките предели Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Скопски Дервен, Каршијак, како и носии од градската култура во периодот на Ала Франга. Покрај носиите, прикажани се и најбележитите локации на Скопје и околината.
Организирањето на изложбата „Скопје со културните добра“ е во соработка со Ансамблот „Македонија“, долгогодишен соработник на Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.