Конкурс за фотографија „Кожуф во зима“
ПСК „Двете Уши“
од Гевгелија распиша Конкурс на фотографии инспирирани од Кожуф Планина во зимски услови. Како што велат организаторите, „Кожуф во зима“ е отворен конкурс, со испраќање фотографија, по можност со висока резолуција, погодна за печатење, направена во периодот од 21 декември, 2021 до 21 март, 2022 година, со краток опис и датум кога е фотографирана. Еден учесник може да се учествува со најмногу три фотографии. Конкурсот е отворен до 21 март, 2022 година, а фотографиите треба да се испратат на официјалниот меил на ПСК „Двете Уши“: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Имено, поканети се сите фотографи на различна возраст, со можност да добијат парична награда. Победник е оној кој за своите фотографии ќе добие најмногу допаѓања на Фејсбук-профилот на ПСК „Двете Уши“, каде ќе бидат објавени. Периодот за избор на најдобрата фотографија е од 1 до 15 април, 2022 година. Доделувањето на наградата ќе биде на изложбата која е планирана да биде одржана на 20 април, годинава.
Повеќе информации за Конкурсот на следниов линк: https://www.facebook.com/events/1128343431322222/.