ФК „Кожуф“ потпшиша Меморандум за соработка со ФК „Работнички“
Пред одржувањето
на пријателскиот натпревар помеѓу ФК „Кожув“ и ФК „Работнички“ на Градскиот стадион во Гевгелија, на 5 февруари, 2022 година, двата фудбалски клуба потпишаа Меморандум за соработка. На потпишувањето на Меморандумот од страна на раководствата на ФК „Кожуф“ претставуван од претседателот Никола Танчевски и спортскиот директор Лазар Шуклев и ФК „Работнички“ претставуван од претседателот Драган Поповски и спортскиот директор Горан Станковски, присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Кој на двата клуба им посака успешна соработка. Во знак на пријателството, ФК „Работнички“ обезбеди спортска опрема за ФК „Кожуф“, а на градоначалникот Сарамандов му беше подарен дрес со натпис на неговото презиме.
Соработката на двата фудбалски клуба е утврдена во Меморандумот со следниве активности: eдукација на тренерите во Првиот тим и младинската академија на ФК „Кожуф“ од страна на Тренери со поседување на УЕФА ПРО Диплома, кои се активни тренери на ФК „Работнички“; утврдување на разни форми за поддршка од страна на ФК „Работнички“ во секојдневното функционирање на ФК „Кожуф“; поттикнување на младите деца од овој регион за занимавање со фудбал; организирање пријателски натпревари; квалитетно скаутирање и селекција на младите и надежни фудбалери од младинската академија на ФК „Кожуф“; промоција на брендот ФК „Кожуф“ на територија на делување на ФК „Работнички“ и спротивно и приклучување на ФК „Кожуф“ во мисијата на ФК „Работнички“- Совршенството, за постигнување врвни резултати на спортскиот терен и надвор од него.
Пријателскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Кожуф“ и ФК „Работнички“ заврши со резултат 0:0.