Спроведени обуки за аплицирање предлог-проекти
Во врска со објавениот Јавен повик на Општина Гевгелија
за аплицирање предлог-проекти од граѓански организации, во рамките на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD 2)“ на УНДП, во Народниот театар- Гевгелија беа спроведени дводневни обуки за заинтересираните граѓански организации кои сакаат да аплицираат со проекти. И тоа од претходно утврдените приоритетни области: туризмот и културата, младите, заштита на животната средина, локалниот економски развој и социјална инклузија и човекови права. Обуките беа спроведени од страна на Биљана Ѓеоргиевска, проектен координатор и консултант Весна Кардалевска, на кои низ практични вежби претставниците граѓанските организации беа запознати со содржината на комплетната проектна документација и имаа можност да разгледат успешно подготвени предлог-проекти.
Јавниот повик ќе трае до 28.03.2022 (до 15:00 часот) и е отворен за сите формално-регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации), согласно Законот за здруженија и фондации.
Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и критериумите за финансирање на проекти во Насоките за подносителите, кои се составен дел од документацијата за Јавниот повик, на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија. Прашања во врска со Jавниот повик можат да се поставуваат преку адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака за Јавниот повик. Прашањата можат да се поднесуваат до 21.03.2022, а одговорите ќе се обезбедат во писмена форма во рок од 3 работни дена од датумот на прием на прашањата. За да се обезбеди транспарентност, прашањата ќе се објавуваат на веб- страницата на УНДП. Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.
Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2), во кој е вклучена и Општина Гевгелија, е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.