Одбележана 117-годишнината од смртта на Сава Михајлов
Пред спомен-бистата
на Сава Михајлов, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов со претставници од локални институции, како и делегации на борците од СЗБ од НОВ- Гевгелија, на политичките партии и здруженија на граѓани положија свежо цвеќе по повод 117-годишнината од смртта на Сава Михајлов. Оддавајќи му почит на роднокрајниот револуционер, идеолог и агитатор за правилна и самостојна македонска борба. Покрај полагањето цвеќе, пред присутните историчарот Миле Смилков се осврна на ликот и делото на Михајлов, за учителствувањето во Гевгелија, неговото членство во ТМОРО, познатството со Гоце Делчев и Петров, учеството во грабнувањето на Мис Стон и учеството во Илинденското востание.
Инаку, на денешен ден, во 1905 година, Сава Михајлов го загубил животот по 12-часовна борба со турска војска, кај с. Смол, денешен Микро Дасос, 10-тина километри јужно од Гевгелија.