Оплеменета со 5.000 садници површина во близина на Новата депонија кај Ново Конско
Граѓанското
здружение „Чејнџмејкерс“- Гевгелија реализираше акција за пошумуваше на локација во близина на Новата депонија кај Ново Конско. Во соработка со ЈП Национални шуми- ПЕ Шумско стопанство „Кожув“- Гевгелија, беа засадени 3000 садници црн бор, 200 садници багрем и околу 300 садници чемпрес. Во акцијата за пошумување учествуваа и вработени од ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, членови на Планинарското спортско друштво „Кожуф“- Гевгелија, како и граѓани кои доброволно се приклучија во акцијата.
Имено, „Чејнџмејкерс“ изрази задоволство од интересот и одзивот на учесниците, како и благодарност до организацијата „Микродонија“ за поддршката и спонзорството на оваа акција. Истовремено „Чејнџмејќерс“ најави дека во иднина ваквите акции ќе бидат чести, за зачувувањето на животната средина.