Промоција на книгата „Ај шо лафиш“ од Стефчо Стефанов
Во организација
на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“, на 25 март, 2022 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Ај шо лафиш“ од гевгеличанецот Стефчо Стефанов. Библиотеката, која е и издавач на „Ај шо лафиш“, ги поканува гевгеличани да присуствуваат на сибепот и да уживаат на промоцијата низ разговорот помеѓу Лилјана Пецова Стојанова и Стефчо Стефанов, со музиката на „Апсаздан“ и Коце Зијан и во два-трите лафа на Дејан Малзарков.
Книгата претставува продолжение на „Гевгелексикон“, а во неа се собрани сите изреки и фрази кои се слушале и се слушаат во Гевгелија. Излезе од печат во 2020 година, но поради пандемијата од КОВИД-19 и ограничувачките мерки, нејзината промоција беше пролонгирана за подобри времиња.