Акција за пошумување по повод 70-годишнината на ЗПСК „Кожув“- Гевгелија
ЗПСК „Кожув“
од Гевгелија започна со активностите за одбележување на 70-годишнината од неговото формирање. По повод 70-годишниот јубилеј, на првиот пролетен ден, ЗПСК „Кожув“ организираше акција за пошумување на локација близу депонијата кај Ново Конско. Посадени се околу 6.000 садници црн бор и багрем. Во акцијата за пошумување, но и попат за собирање на отпадот, учествуваа 65 лица, меѓу кои членовите на ЗПСК „Кожув“, претставници од ЈП Национални шуми- ПСШ „Кожув“- Гевгелија кои помогнаа во подготовките за пошумување, членови од Црвен крст- ОО Гевгелија и граѓанското здружение „Чејнџмејкерс“- Гевгелија.
Целта на ова акција е повеќе зеленило и почиста животна средина, соопштуваат од Планинарскиот клуб, најавувајќи и други слични акции за 70-годишнината.