Image
Актуелно

ЗПСК „Кожуф“: 70 години одржливост, континуитет и работа

         70-годишен јубилеј

од постоењето на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија беше одбележан со свечен настан на платото пред Народниот театар- Гевгелија. Раководството на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија на свечениот настан, во знак на благодарност, им додели плакети на поединци и институции кои го помагаат клубот во неговата работа и афирмација во државата и надвор од неа. Исто така, постхумно беа додели плакети во чест на Ѓорѓе Танчев- Гоце, долгогодишен член и претстедател на ЗПСК „Кожуф“, како и на д-р Ѓеорги Петков, член на клубот, кој трагично го загуби својот живот обидувајќи се да го оствари својот сон, да се искачи на покривот на светот, врвот Монт Еверест. Исто така, вечерта, во фоајето на Народниот театар- Гевгелија беше поставена и Изложба на стари фотографии од реализирани планинарски акции на ЗПСК „Кожуф“.
          По повод 70-годишниот јубилеј, клубот организира дводневна планинарска акција на Кожуф, со искачување на врвовите Порта и Момина Чука. Учесниците ќе ноќеваат со шатори на Марково Езеро. Поканети се Федерацијата за Планинарство и сите планинарски клубови од Македонија, како и од Бугарија и Србија, со кои ЗПСК „Кожуф“ има соработка.
          Планинарското друштво „Кожуф“ од Гевгелија е формирано во далечната 1952 година, од гевгеличани, преживеани борци од НОБ. Низ годините, членовите имаат реализирано планинарски маршеви и алпинистички експедиции, како на Балканот, така и во Европа и на другите континенти. Денеска, Клубот брои 200 члена, продолжувајќи да организира планинарски акции од локален, републички и меѓународен карактер, унапредувајќи го планинарството како посебна форма на масовната физичка култура. Што е доказ за одржливост, континуитет и работа.

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio