Во Гевгелија, концерт на Јасмина Трајчевска: "Словенски воз"
Денеска, во Малата сала
на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, пијанистката Јасмина Трајчевска ќе го одржи својот концерт „Словенски воз“. Ќе бидат изведени дела од композиторите: Билјана Бојовиќ, Стефан Гајдов и Леош Јаначек, како и делото на македонскиот композитор, Тодор Скаловски „Македонски триптих“.
Програмата за концертот е синтеза на словенската и балканската музика, полна со фолклорни елементи кои се преплетуваат во сите фрази, компонирани во модерен класичен стил, инспиративни и полни со различни ритмови што ја прават оваа музика препознатлива за овие простори.
Организатори на настанот се ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ООМУ„Васо Карајанов“- Гевгелија.