Музички фестивал „ЕВРОПОРТА-ФЕСТ 2022“
Во организација на
Здружението „Внимание“- Гевгелија, на 14 и 15 јули, 2022 година, во ноќниот клуб „De Facto“- Гевгелија, со почеток во 19:30 часот ќе биде одржан Музичкиот фестивал „ЕВРОПОРТА- ФЕСТ 2021 година“. Влезот е со карта која чини 150 денари. Според програмата, овој фестивал предвидува полуфинална и финална вечер, на кои со соло-настапи, дуети, трио и квартети, со песни од странска и домашна музика, ќе се претстават млади од Гевгелија и соседните општини кои го негуваат вокалниот талент. Фестивалот е со натпреварувачки карактер, а настапите ќе ги оценува стручно жири, во состав на: Александар Бончев, Костадин Издушнов, Елисавета Бончева и Младен Костадинов. За победниците во категории следуваат награди.
Учествуваат: Дијана Јакимова, Марија Папучиева, Билјана Дуева, Ели Бојмалиева, Нина Јованова, Анастасија Зафирова, Ивана Коколанска, Ангела Зафирова, Слободанка Арнаудова, Стефанија Ичковска и Кире Ефтимов. На фестивалот ќе настапат и Ѓорге Митров и Филип Ангов, минатогодишните учесници, како и Браќата Кортелови.
Музичкиот фестивал „ЕВРОПОРТА-ФЕСТ 2022“, чиј проектен координатор е Маја Зафирова, професор по виолина, е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2022 година.