Општина Гевгелијa ќе споделува искуства за мигрантската криза со девет европски општини
Општина Гевгелија преку европска програма ќе споделува искуства
околу мигрантската криза со девет европски општини. Имено, по успешното воспоставено партнерство во рамки на програмата „Европа за граѓаните“, општина Гевгелија, заеднмо со Фондацијата за локален економски развој и информатичка технологија од Гевгелија, стана дел од проектниот тим што ќе го реализира проектот “EUBorCo”. Овој проект беше одобрен од европската програма „Европа за граѓаните“, а е наменет за согледување на искуствата од мигрантската криза.
Општина Гевгелија проектот ќе го реализира во парнерство со општина Пеонија – Грција, општина Бриндизи – Италија, општина Виатор – Шпанија, Совет на општина Свиеги – Малта, Здружение „Варна - Европска младинска престолнина – Бугарија, Здружение Цивитас Солис од Рочела Јоника – Италија, Младински клуб на УНЕСКО од Солун - Грција и Здружение „Фабрика“ од Свиеги, Малта. Апликант и носител на проектот е општина Пеонија од соседна Грција со која општина Гевгелија традиционално има добра и успешна соработка.
Првата средба на проектните тимови е закажана од 16 до 19 февруари, а ќе се одржи во италијанскиот град Рочела Јоника.