Пријавите за купување на градежни парцели се поднесуваат до 30 јануари
Сите заинтересирани правни и физички лица можат да се јават на Објавата за продажба на 7 градежни парцели наменети за домување во станбени куќи,
што ја објави општина Гевгелија, најдозна до 30 јануари годинава. Две парцели со површина од 362 и 467 метри квадратни се наоѓаат крај Моински пат во Гевгелија. Почетната цена изнесува 61 денар за метар квадратен, а електронското јавно наддавање е закажано за 1 февруари 2019 година во 9 и 9.30 часот.
Пет градежни парцели се наоѓаат во населбата Караорман, чија површина се движи од 285 до 306 метри квадратни. Почетната цена изнесува 61 денар за метар квадратен, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 1 февруари 2019 година, во периодот од 10 до 12 часот.
Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk, за секоја градежна парцела поединечно, во која е наведено за која парцела се однесува самата пријава и кои документи се составен дел на пријавата.