Летно кино на Динќут во организација на ОО Црвен крст- Гевгелија
Општинската организација на Црвениот крст- Гевгелија,
заедно со волонтерите од Клубот на млади, започна со организирање на Летно кино 2022. Како што велат од организацијата, секоја недела од летото ќе се прикажуваат филмови од македонски режисери за сите генерации на излетничкиот локалитет „Динќут“. Летното кино е со хуманитарен карактер, односно проследувањето на филмовите е со билет по цена од 100 ден.
- Немате идеја каде да ја поминете топлата летна вечер? Ние го имаме совршениот план за вас! Заедно да уживаме под отвореното небо во гледање филм, а истовремено да бидеме хумани и да подариме подобро утре на оние што им е потребно, е паролата по која се организира Летното кино на ОО Црвен крст- Гевгелија.
Имено, Летното кино во организација на ОО Црвен Крст- Гевгелија започна со прикажување на „Бал-кан-кан“, на режисерот Дарко Митревски. За секое наредно прикажување на македонски филм, ќе следат информации на Фејсбук-страната на ОО Црвен крст- Гевгелија.