„Митинг“ на Дејан Малзарков за шестиот роденден на „Диверзија“
Diverzija Production
со sit-down комедија „Митинг“ на Дејан Малзарков ќе го одбележи својот 6 роденден. Нашиот гевгеличанец Малзарков, кој стана претпознатлив бренд за Гевгелија со неговиот талент за глума, ќе приреди настан без реприза во ликовите на чик Ване, Пецко или Џоче на митиншката говорница во Спортската сала „26 Април“, на 20 јули. Минтингот ќе започне во 21:30 часот. Картите се пуштени во претпродажба во киоскот „Шане“, по цена од 150 денари. Пред почетокот на митингот, цената на картата е 200 денари.
Генерални спонзори на настанот се: М Pro Sound, Општина Гевгелија и Спортска сала „26 Април“. Поддржувачи се: „Близнак Ком“, Barista Coffe House и Томче Кичуков.